Меѓународен бизнис центар од "А" класа кој е дизајниран во согласност со меѓународните и локалните стандарди. Градежните материјали и технологијата што е користена за изградба на SYNERGY бизнис центарот им обезбедува максимална топлотна и звучна изолација на своите закупци, а со својата внатрешна декорација им обезбедува пријатена и удобна работна атмосфера.
Зградата е опремена со спектар на современи системи, вклучувајќи оптички кабли, комуникациски кабли, сопствено централно греење, климатизација и вентилација.
Бизнис Центар
Архитектура
Карактеристики на зградата:
· Нова градба
· Модерен дизајн
· Центар составен од 5 ката
· Вкупна градбена површина (бруто) од 8.103 m2
· Деловен простор за изнајмување од 261m2 и 382 m2 кои можат да бидат поделени во помали деловни простории или составени во поголеми деловни простории.
· Висина на таван 2,7 метри
· Највисоки стандарди за безбедност
· Модерна инфраструктура
Инфраструктура
За изградба на деловна зграда што истовремено ќе ги исполни највисоките градежни стандарди и ќе се прилагодува на најсложените потреби и барања на закупците на SYNERGY, беше вработен високо-квалификуван тим од локални и меѓународни експерти.
Како резултат на ова, тимот создаде бизнис центар кој им овозможува на своите закупци да бидат во чекор со брзо менување на технолошките достигнувања.
Со иновативен и одличен дизајн, бизнис центарот SYNERGY, се вклопува во архитектонското наследство на градот Скопје, а во исто време, нуди Европски поглед на градот. Со модерна и светла внатрешност, добро опремени канцеларии - по меѓународни стандарди.
Дигиталена телефонска мрежа, ISDN, интернет со голема брзина (оптика), зградата исто така нуди отворен простор за изнајмување кој овозможува лесен ре-дизајн.
· 6.200m2 канцелариски простор од А категорија, распределен на 5 нивоа (катови), направен според западноевропски стандарди
· Големината на објектот е адаптирана за еден или повеќе закупци, давајќи им силен корпоративен имиџ
· Близу до центарот на градот со лесен пристап
· Подземен паркинг простор од 2,175m2 на катот -2
· 123 паркинг места
· 2000m2 на катот -1, флексибилен простор, погоден за конференциски центар, дата центар, дел за потрошувачи, изложбен салон, итн ...
· современата архитектура (Dr. Arch Raimondo Flaccomio, IUAV, Italy)
Synergy бизнис центарот нуди:
Новитети и настани
Наша бизнис заедница
Превземи брошура
COPYRIGHT © 2012 SYNERGY Business Center