Климатизација (греење, ладење и вентилација) Инсталиран е систем на климатизација наречен ФЕНКОЈЛЕР (4 pipes) кој овозможува греење и ладење како и регулација на температурата.
Секој кат во зградата има 4 независни единици за вентилација кои обезбедуваат третиран протокот на воздух (филтрирање, ладење и греење). Зимски режим-греење, со автоматско мерење и регулација.
Систем за централно управување
Инсталиран е систем за централно управување со главни технички компоненти на зградата како што се: греење, систем за ладење, систем за вентилација, струја.
Ова овозможува: - ефективно искористување на сите перформанси кои се нудат за корисниците, врз основа на нивните кориснички барања - Јасна поделба на трошоците помеѓу закупците - Следење на искористеноста и детектирање на дефекти
Електрична инсталација
Флексибилна дистрибуција на електрична енергија преку двоен (подигнат) под и подни кутии. Секој кат е поделен во 4 зони. Секоја зона има НОРМАЛНИ електрични табли и табли за ИТНИ случаи и мерачи. Инсталиран е дизел генератор од 270 KVA за дистрибуција на електрична енргија при ИТНИ случаи.
Безбедност
- Дигитален систем за видео надзор. - Контрола на пристап во канцеларија и паркинг записи. - Контролна соба за безбедност 24/7.
Сигурност
Во целата зграда е инсталиран систем на прскалки за гаснење пожар, детектирање на чад и Јаглеродмоноксид. Систем за осветлување и заштита. Овозможено е движење за хендикепирани лица.